(Видео) Малума, Ники Минаж и Мирјам Фарес ја промовираа химната за Мундијалот во Катар

(Видео) Малума, Ники Минаж и Мирјам Фарес ја промовираа химната за Мундијалот во Катар

пред 3 години

Американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка Миријам Фарес и колумбискиот пејач Малума ја промовираа Tukoh Taka, химната за Мундијалот во Катар. Песната е објавена на официјалниот Јутјуб канал на ФИФА, а ќе влезе во историјата како првата песна за шампионатите отпеана на три јазици – англиски, шпански и арапски.

dobivaj vesti na viber

„Оваа соработка е совршен спој на таленти кои ги имаат Ники Минаж, Малума и Миријам Фарес. Песната зборува за обединување на фановите ширум светот и ги слави различностите“, пишува „Билборд“.

Организаторите на СП овојпат ја промовираа песната само два дена пред почетокот на шампионатот и до пред неколку дена не се знаеше дали воопшто ќе биде објавена нова химна за Мундијалот.

Share
Scroll to Top