(Видео) Марадона во последната снимка која ја направил, му се обраќа на неговиот лекар, кого сега го обвинуваат за негово убиство

(Видео) Марадона во последната снимка која ја направил, му се обраќа на неговиот лекар, кого сега го обвинуваат за негово убиство

пред 4 години

Славниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, снимил видео непосредно пред неговата смрт, во кое тој му се обраќа на неговиот лекар Леополдо Хасинто Луке, кого сега го обвинуваат за негово убиство од негрижа.

Аргентинската „Кроника“ телевизија ја објавила снимката од Марадона. Аргентинцот руча во кујната со превез на главата, откако претходно бил пуштен од болницата на домашно лекување.

Марадона зборува нејасно, но од тоа што може да се заклучи е дека тој и покрај несогласувањата кои ги имал со Луке, двајцата биле во добри односи.

„Засрамен сум, но сè е во ред. Знаете дека не сум за овие блиски односи, но кога сум со добри луѓе, излегувам од дувлото. Бакнеж, Лука. Леополдо Хасинто Лук“, вели Марадона во видеото.

Причината за објавата на оваа снимка е поради тоа што се уште се води истрага за смртта на Марадона. Надлежните го сметаат за одговорен неговиот доктор и уште три други лица, за кои тврдат дека не воделе доволно грижа во последните денови од неговиот живот.

За потсетување, славниот аргентински фудбалер почина минатата година, а неговата смрт до ден денес е главна тема во целиот свет.

Share
Scroll to Top