Холивудската актерка Маргот Роби изјавила дека снимила експлицитна сцена во филмот „Бабилон“ која наликува на оргија.
„Кога го прочитав сценариото, мислев дека ова е како „Слаткиот живот“ и „Волкот од Волстрит“ да добијат бебе. Ми се допаѓа! Но, се прашував, дали воопшто ни е дозволено да го покажеме? -Имаше толку многу сцени каде што се прашував како ќе го направам тоа“, раскажала актерката.
Маргот Роби признала дека не е сигурна дали новиот филм „Бабилон“ во кој глуми може да содржи експлицитни сцени со оргија, додека нејзиниот колега Бред Пит признал дека количината на голотија во филмот била шокантна, дури и за него.
Роби ги раскажала деталите на актерката Кери Малиган во склоп на серијата „Актери за актерите“, при што Магилан нагласила колку е бурна воведната сцена, со што Роби се согласила.
Маргот Роби го толкувала ликот на самодеструктивата ѕвезда на немиот филм, Нели Ларој, а открила дека никогаш во животот не работела толку за филм како за „Бабилон“.