(Видео) Марита Лоренс жената која не можела да го убие Кастро, затоа што го сакала премногу

(Видео) Марита Лоренс жената која не можела да го убие Кастро, затоа што го сакала премногу

пред 3 години

Не е тајна дека американската влада се обидувала на сите можно начини да го убие некогашниот кубански лидер Фидел Кастро. ЦИА во еден момент се обидела да го отруе со неговиот милкшејк. Потоа се обиделе да му попрскаа LSD и да гледаат како полудува за време на радискиот пренос.

Добиле и идеја во неговите пури да стават експлозив. На крајот кога ништо од тоа не успеало, решиле да ја испратат Марита Лоренс. Во текстот на „Винити фер“ од 1993 година, Ен Луис Бардак напишала опширен портрет од оваа дама која била испратена од ЦИА.

Нејзината мисија била да го убие Кастро. Не можејќи да го направи тоа, таа се заљубува и му станува љубовница. Двајцата првпат се виделе на крузер, кој го управувал нејзиниот татко. Двајцата впловиле во хаванското крајбрежје во 1959 година.

„Кога Фидел ќе зборуваше со некого, многу беше близок. Го гледаше соговорникот директно во очи. Тогаш испивме неколку пијалоци. Од старт бев нервозна. Ми требаа два часа да се одморам, а кога татко ми ме разбуди, го однесов на тура низ бродот. Сакав да се ослободам од него, за можам да се средам и да изгледам поубаво“, изјавила Марита.

По кратко време, таа му станала љубовница. Седум месеци живеела со него на неговиот приватен кат во хотелот „Хавана Хилтон“. Ја толерирала и неговата долгогодишна партнерка Селија Санчез.

До пролетта 1959 година, било јасно дека односите меѓу САД и Куба се влошени. Френк Стурдџис, двоен агент во тој момент ја регрутира Марита.

Според Френк, кој никогаш не признал дека работел за мафијата, тој ја врбувал Марита додека живеела со Кастро.

„Ја наговорив да го отруе, но таа одби, затоа што беше заљубена во гадот“, изјавил тој во едно од своите интервјуа.

Марита во тој период станала бремена, но досега не постојат веродостојни информации кои можат да утврдат што точно се случило со бебето.

Како што е наведено во документите на ФБИ, во октомври 1959 година, таа била бремена во седмиот месец. Луѓето на Кастро успеале да ја дрогираат и заспијат со чаша млеко.

Марита се разбудила во една докторска ординација. Докторот и кажал дека бебето е во ред, а потоа и дал инекција и повторно ја успал. Кога повторно се разбудила и било кажано дека бебето морале да го однесат поради непријателите на Кастро.

„Фидел во тие моменти не беше покрај мене. Се наоѓаше на другиот крај од островот“, изјавила таа.

Според извештаите на ФБИ, од декември 1959 година, Марита на агентите им кажала дека откако се вратила во Хавана доживеала абортус. Не можела да им даде јасни податоци, но навела дека слушнала гласини дека била дрогирана и однесена во болница каде и бил направен абортус.

По тој настан и реакцијата на Фидел Кастро, таа одлучила да се сврти против него. Луѓето од нејзината околина, вклучувајќи го и агентот Френк и нејзината мајка, продолжиле да и ја полнат главата со идејата дека Кастро е зол човек.

Мајката дури на новинарите на магазинот Confidental и ја испратила приказната дека Фидел Кастро ја силувал ќерка ѝ.

Потоа влегла во шионските води. Првата здача која ЦИА и ја дала била да го убие Кастро. За време на Операцијата 40, таа била обучувана во Мајами, а потоа повторно се нашла во авион за Хавана.

И дале две таблети од ботулински токсин, кој можел да убие човек за 30 секунди. И дале и две таблети кои требало да ги испие пред да замине.

„Тоа е некаква роба на ЦИА, која ти ја даваат за да се чувствуваш силно, храбро, како спид. Но, дури и со тие таблети за страв, чим ја видов Хавана, знаев дека не можам да го направам тоа“, изјавила Марита.

Дури и да имала храброст да ја продолжи задачата, таа веќе ја уништила задачата од старт. Таблетите ги ставила во сад со ладна крема, а кога се обидела да ги извади, тие се стопиле. Морала да ги фрли во тоалет.

Кога Кастро се појавил, таа му кажала дека е вмешана со контрареволуционерите во Мајами.

„Се обидов да бидам смирена. Никогаш не сум била толку нерозна, затоа што агентите не набљудуваа. Морав да внимавам на времето. Имав точен распоред. Да останам неколку часа со него, да нарачам храна, да го убијам и спречам да го одржи говорот таа вечер. Беше многу уморен и сакаше да спие. Џвакаше цигара, лежеше во креве и ме праша дали сум дојдена да го убијам. Седев на крајот од креветот и му кажав дека само сакав да го видам“, изјавила Марита.

Кастро ја прашал дали работи за ЦИА, а Марита му одговорила дека работи за само за себе.

„Тогаш го извади пиштолот и го насочи кон мене. Не се ни помести. Ми кажа дека не можам да го убијам. Дека никој не може. Се насмеа и продолжи да ја џвака цигарата. Се чувствував ужасно. Беше толку сигирен во себе. Само ме фати и почнавме да водиме љубов. Размислував да останам и да зборвам со него подоцна, по неговиот говор, но беше прекрасно. Тој зборува по 8, 10, а понекогаш и по 12 часа. Тоа беше најтешко. Сакав да ме моли за да останам, но се облече и си замине. Ме остави да лежам сама. Му оставив порака велејќи му дека ќе се вратам“, изјавила Марита.

Во наредните неколку години, Марита открива дека често се гледала со Кастро и дека неколку пати спиеле заедно. За време на нејзината последна посета на Хавана во 1988 година, таа останала на Куба десетина дена. Нејзиниот син тогаш работел во Никарагва.

Таму ги лечел жртвите од контрареволуционерите. Марита вели дека тогаш за последен пат го видела Кастро.

„Тоа беше последен пат кога водевме љубов. Последен пат од милост“, вели Марита.

Share
Scroll to Top