(Видео) Марија Шерифовиќ сака да му помогне на уличен пејач од Зеница кој се пријавил во „Гранд“ но нема пари за облека и пат

(Видео) Марија Шерифовиќ сака да му помогне на уличен пејач од Зеница кој се пријавил во „Гранд“ но нема пари за облека и пат

пред 1 година

Приказната за уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, која со својата приказна ја трогнал српската пејачка Марија Шерифовиќ, доби пресврт.

Откако Шерифовиќ ја сподели својата приказна за тоа како Мустафа се пријавил во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, во кое таа е жири, но нема пари да патува во Белград, ниту пак за облека на сцената, Мустафа сега ја очекува нејзината покана.

„Ми се јави нејзиниот менаџер бидејќи Марија беше зафатена, а тој рече дека наскоро ќе ме контактира. Секој момент го чекам нејзиниот повик“, изјавил Мустафа. Тој открил каде се наоѓа во моментов и дали некој друг го контактирал со оглед на неговата приказна.

„Веќе не сум во шатор, се вратив во станот во кој живеев, за среќа, беше уште бесплатен. Еден човек од Америка ми плати кирија за два месеци и комуналии и јас сум многу благодарен на него за тоа“, рекол Мустафа и додал дека со него контактирале и други лица и му помогнале да купи храна и други работи кои му биле потребни.

Инаку Мустафа во видеото на Среќко Стиповиќ изјавил дека нема ниту родители ниту роднини и дека тешко наоѓа работа. Тој додал дека би се пријавил во „Ѕвездите на Гранд“ доколку има услови за тоа.

„Не можам да одам таму, треба да имаш пари за убаво да се облечеш, да имаш вратоврска, да бидеш чист. Треба да се претставиш од каде си, име, презиме, колку години имаш. Би се пријавил кога би можел. Немам ни родители, немам никој свој“, вели Мустафа во видеото.

Неговата приказна ја слушнала Марија Шерифовиќ, член на жирито на споменатото шоу, која решила да му помогне.

„Овој тип спие некаде во Зеница под мост. Се вика Мустафа. Ако некој од Зеница може и сака да го најде, нека ме извести и нека ме контактира. Мустафа да добие дом”, напишала Шерифовиќ на Инстаграм.

 

Share
Scroll to Top