Охриѓанецот Марко Пејчиновски пристигна на градското пристаниште во Охрид и успешно ја заврши делницата од 64 километри на празникот Успение на Пресвета Богородица. Марко беше пречекан од голем број на љубители на овој спорт како и негови сограѓани и поддржувачи на неговиот голем подвиг Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.
„Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел. Марко го заврши последниот подвиг за време од 21 часа 42 минути“, пишува во видеото.







