Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја прими вакцината против коронавирусот. Пенс ја прими вакцината против ковид 19, а настанот беше емитуван во живо на телевизија.
На тој начин, Пенс се надева ека ќе добие поддршка од јавноста за вакцинацијата. Освен Пенс, вакцина против ковид 19 прими и неговата сопруга Керен и министерот за здравство Џером Адамс.
„Не почувствував ништо. Многу добро“, изјавил Пенс, откако ја прими вакцината.
Тој и останатите ја примија вакцината на чиј развој работела американската компанија „Фајзер“ и нивниот германски партнер „Бинтек“.