(Видео) Мајстор од Босна крши прозорци и се снима оти газдите не му платиле

(Видео) Мајстор од Босна крши прозорци и се снима оти газдите не му платиле

пред 7 месеци

Балканот од вчера споделува видео во кое мајстор од Босна и Херцеговина ги крши прозорците на нова куќа оти газдите не му платиле за градежните работи што ги изведувал. Босанскиот портал „Црна хроника.инфо“ објави снимка на која мајсторот Мухамед ги крши прозорците и самиот се снима оти газдите ги пробиле сите рокови во кои му ветувале дека ќе ги добие парите.

Според објавата на порталот, газдите му дале аванс за да почне со градежните работи за внатрешно уредување на нова куќа, но не му доплатиле. Според објавите се работи за долг од 600 евра.

Откога ги искршил прозорците, полицијата го привела на информативен разговор оти газдите го пријавиле.

„Сè уште не ми ги исплатија парите. Сега и ме тужат. Морам на суд, а ми се заканува затвор. Морам да ангажирам адвокат за да ме брани. Им работев целосна адаптација на катот на семејната куќа. Не е чесно што ни прават. Прво не плаќаат, па тужат па морам в затвор. Тажно“, изјавил мајсторот за порталот „Црна хроника.инфо“.

Мајсторот Мухамед, татко на три деца, доби огромна поддршка на социјалните мрежи во сите земји на Балканот.

Share
Scroll to Top