(Видео) Мбапе со топка удри девојка во нос и ја раскрвари, потоа и подари дрес

(Видео) Мбапе со топка удри девојка во нос и ја раскрвари, потоа и подари дрес

пред 12 месеци

Килијан Мбапе на загревањето пред мечот на гостувањето кај Стразбур, имаше непријатна ситуација со девојка од трибините.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен случајно со топка во лице удри девојка на трибините. Нејзиниот нос крвареше, а Французинот веднаш притрча да провери дали е се во ред. Потоа повика тим на лекари да и помогнат.

На крајот кога победи неговиот тим, додека соиграчите на Мбапе прославуваа за победата тој и пријде на девојката, ја прегрна, кратко разговараше и и го подари дресот.

Share
Scroll to Top