Рускиот тенисер Данил Медведев повторно направи скандал среде натпревар кога почна да имитира мајмун, алудирајќи на однесувањето на публиката на турнирот во Мец. Тој правеше звуци кои наликуваа на крици на мајмун, го фрлаше рекетот и се караше со публиката.
Однесувањето на Медведев беше предизвикано од лошата игра што ја прикажа против Швајцарецот Стен Вавринка, кога загуби во осминафиналето со резултат 6:4, 6:7, 6:3.
Организаторите на турнирот најавија дека ќе го санкционираат ваквото однесување на Медведев и дека во наредните денови ќе откријат на кој начин ќе го казнат.
Medvedev proceeds to make fun of the French crowd – by calling them monkeys (?) – after they boo him for throwing his racket…
If there’s one thing you don’t do towards a French crowd, it’s provoke them… pic.twitter.com/ZbrfchbbKF
— Olly ??? (@Olly_Tennis_) September 22, 2022