(Видео) Меси купи стан од 8 милиони евра на Флорида

(Видео) Меси купи стан од 8 милиони евра на Флорида

пред 3 години

Лионел Меси за осум милиони евра  купи стан во една од најлуксузните згради на светот, наречена „Porsche Design Tower“.  Како што пишуваат странските медиуми, Меси се одлучил да го купи станот неколку дена откако Дејвид Бекам го повикал да се придружи на неговиот фудбалски клуб.

Станот е сместен во облакодер на Флорида, висок 195 метри кој има 60 ката. Станот е 330 квадратни метри, со три спални соби и четири бањи. Свртен е на северна страна, а прозорците се од под до плафон и се со прекрасен поглед на океанот.

Освен тоа, станот има и приватен базен, ресторан со тераса, фитнес центар и спа со џакузи.

Share
Scroll to Top