(Видео) Меси спаси дете кое беше нападнато од телохранителот

(Видео) Меси спаси дете кое беше нападнато од телохранителот

пред 12 месеци

Познато е дека Лионел Меси во САД има обезбедување и на теренот кое го брани фудбалерот од натрапници од трибините, но некогаш човекот што го чува ги преминува границите.

По натпреварот против Синсинати, дете се обиде да се фотографира со Меси, но Јасин Чуеко, неговиот личен телохранител го собра пред да дојде до него. За среќа, Меси го повика детето и му ја исполни желбата да се фотографира со него.

Аргентинецот се врати во тимот на Интер Мајами по четири меча пауза, но ни тој не успеа да ја спаси екипата од пораз. Синсинати славеше со 1-0 со голот на Алваро Бареал во 78. минута со што тимот од Флорида официјално ги загуби сите шанси за пласман во плејофот.

Share
Scroll to Top