Kултната македонска група „Мизар“, ја промовира новата песна „1903“, работена според текст што пред 50 години го напишал писателот Петре М. Андреевски. Во оригиналниот текст на Андреевски се опишува годината на Илинденското востание.
Горазд Чаповски, лидерот на бендот, е автор и на музиката и на аранжманот. За песната е направено и видео, во кое се користени делови од филмот „Третиот пат“. Спотот го режираше Филип Арсов.
Групата, која е дел од македонската сцена повеќе од 40 годни на 7 декември ќе настапи на 23. издание на фестивалот „Таксират“. Ова ќе биде нивни прв настап по подолга пауза, а на „Таксират“, освен „1903“, тие ќе ги изведат своите најголеми хитови, но и песните што ги промовираа периодов, Messengers of the Downfall, A Day is Coming“ и Uninije.