Со цел да истражат како се создаваат громовите, астронаутите од Меѓународната вселенска станица успеале да снимат од гром под станицата. Тие видеото го снимиле со помош на опремата за фотографирање громови, што се наоѓа на самата станица, пренесува „Фјучуризм“.
Научниците во истражувањето објавено во магазинот „Нејчер“ велат дека со помош на видеото ќе можат да истражат и како се создаваат и невремињата во стакленичките гасови низ атмосферата.
На снимката се гледа необичен феномен од сина молња, која се издигнува нагоре од облаците до највисоките делови од стратосферата.
Потоа се гледаат кругови на електрична активност што се шират од невремето кон јоносферата. Овие молњи и кругови не може да се забележат лесно бидејќи поминуваат многу бргу, а уште потешко е нивното истражување.
.@nature cover features findings by @ASIM_Payload, a first for an @esa International @Space_Station experiment! The paper describes a sighting of five intense blue flashes in a cloud top, one generating a ‘blue jet’ into the stratosphere https://t.co/1xER8rdehm pic.twitter.com/XjqRt5VGqO
— Human Spaceflight (@esaspaceflight) January 20, 2021