(Видео) Монтирано видео од Ким Џонг-ун како ја брани американската демократија

(Видео) Монтирано видео од Ким Џонг-ун како ја брани американската демократија

пред 4 години

На социјалните мрежи се рашири видео од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, како божем ја брани американската демократија. Во него Ким ги предупредува Американците дека не е тешко демократијата да се сруши, во пресрет на изборите.

Снимката всушност е лажна и наречена deep fake, синтетичко видео, направено во АЛ технологија, за да предупреди на опасноста од дезинформации за западната демократија.

Видеото го продуцирал RepresentUs, американска група основана за да ја заштити и подобри американската демократија. На крајот на снимката се слуша предупредување „Демократијата живее или умира со тебе“.

Драматичното подобрување во АЛ технологијата, им овозможува на луѓето да прават видео клипови кои изгледаат како да говорат работи, кои всушност никогаш не ги кажале.

Експертите предупредуваат дека ова веројатно се користи како политичко средство за ширење на лажна пропаганда. На видео снимката, Ким се соочува со камерата и вели дека демократијата е кревка работа. Покревка од тоа што сакате да верувате, вели тој.

„Ако нема демократија нема успех. Јас не морам да работам ништо. Сè што правите, си правите самите на себе. Луѓето се поделени, на изборите се манипулира. Локациите за гласање се затвораат, така што милиони не можат да гласаат“, вели Ким во видеото.

Share
Scroll to Top