(Видео) Навивачите на Пелистер фрлаа плишени мечиња на теренот и се приклучија на светската хуманитарна акција за сиромашните деца

(Видео) Навивачите на Пелистер фрлаа плишени мечиња на теренот и се приклучија на светската хуманитарна акција за сиромашните деца

пред 3 години

Битолчани вечерва во салата „Боро Чурлевски“ на мечот меѓу Пелистер и Вардар фрлија стотина плишени играчки што ќе бидат донирани на децата од ранливи категории. Тие играчките ги фрлија на полувремето.

Претходно, екипата на Пелистер апелира до сите оние што ќе дојдат да понесат плишени мечиња и да се вклучат во светската хуманитарна акција, која деновиве може да се види на повеќе спортски европски терени.

За потсетување, слична ваква акција викендот беше видена и на фудбалскиот натпревар во Севилја меѓу Бетис и Реал Сосиедад во Шпанија кога навивачите пред мечот фрлија илјадници плишени мечиња, кои потоа им беа донирани на сиромашните деца.

.

(Видео) Прекрасната божиќна традиција на навивачите на Бетис, фрлаа плишани мечиња за сиромашните деца


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top