Мечот од аргентинскиот шампионат помеѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција беше прекинат по 25 минути откако се случи трагедија, еден навивач падна од највисоката трибина и го загуби животот. Навивачот на Ривер Плата скокнал од една од највисоките трибини на „Монументал“ и се здобил со крварење и тешки телесни повреди, по што лекарските служби многу брзо утврдиле смрт. Судијата Фернандо Рапалини го прекина мечот, а стадионот „Монументал“ беше затворен на 24 часа додека трае истрагата како се случил трагичниот чин.
👉 Fernando Rapallini, árbitro del encuentro suspendido entre River y Defensa, habló tras la tragedia en el Monumental: “Los organismos de seguridad me pidieron que pare el partido”. pic.twitter.com/KNAeH4ZVHC
— TyC Sports (@TyCSports) June 3, 2023