Научници од Египет и Британија го реконструираа лицето на познатиот египетски фараон Рамзес Втори. Дигитално ја одмотаа мумијата од познатиот фараон, а лицето му го креирале со помош на софтвер од компјутерска томографија.
Станува збор за заеднички научен проект кој ќе им овозможи на историчарите да откријат како владетелот изгледал во различни фази од животот. Научниците рекоа дека користеле постари CT снимки и дека користелел софтвер за анализа за да ги обработат.
Потоа можеле да направат разлика меѓу черепот и материјалот користен во процесот на балсамирање, за да добијат 3D рендер на черепот. Потоа го додале просечниот мускулен слој на лицето, односно неговите мерки за кои верувале дека одговараат на старите Египќани.
„Се работи за единствена научна фацијална реконструкција на Рамез Втори, која е направена со томографија на неговата мумија. Претходните обиди главно беа уметнички“, рече професорката Сахар Салем од Универзитетот во Каиро.
Првите рендери покажале дека Рамазес Втори во времето на смртта изгледал како деведесетгодишен старец, а потоа експертите го почнале процесот на стареење и откриле дека фараонот изгледал како да има 45 години.
„Реконструираното лице прикажува дека се работи за многу убава личност која има нагласен нос и силна вилица. Рамзес Втори бил голем војник кој владеел со Египет 68 години. Оживувањето на неговото лице потсетува на светот на неговиот легендарен статус“, додаде Салем.
За потсетување, Рамзес Втори, како трет фараон на 19 династија, владеел во периодот од 1279 до 1213 година пред новата ера. Се смета за еден од најславните и најмоќни фараони.