(Видео) На Јапонец му плаќаат за да не работи

(Видео) На Јапонец му плаќаат за да не работи

пред 2 години

Јапонецот Шоџи Моримото веќе три годии ништо не работи и од тоа заработува, иако неговото семјство и колегите му велеле дека со мрзата ништо нема да може да постигне во животот. Tој за Си-Би-Ес изјави во 2018 година добил идеја да не прави ништо и да го претвори тоа во професија, а своите услуги ги понудил преку интернет.

„Напишав дека не чистам, не сум тука за разговор, само сум тука. И луѓето почнаа да ми се јавуваат”, вели тој.

Моримото додава дека неговите услуги ги користат луѓе кои се плашат сами да одат до продавница, луѓе кои се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе кои само сакаат да седат со некого на пијачка.

„Многу сум зафатен, имам три термини дневно“, вели тој.

Јапоницот откри дека секоја недела седнува на кафе со девојка, но само толку.

„Не разговараме. Само седиме и тоа ѝ е доволно“, вели тој.

Поради неговата неработливост, станал толку многу популарен во Јапонија, што сега за своите услуги наплаќа околу 100 долари по состанок.

Бил повикан и да помогне во чистењето на куќа, да биде пријател или да пере алишта, но одбил бидејќи не сакал да работи. Сепак во една ситуација, стоел на студ за да биде публика на уличен музичар, додека во друга го поминал својот роденден со луѓе кои во тоа време биле сами, а им правел и друштво на луѓе кои не сакале да одат сами во шопинг.

Моримото е писател. Тој има напишано четири книги. Тој вели кога не пишува, времето го поминува со непознати. Една вечер пиел со Тамами Мијазаки (44).

„Кога излегуваш со друиштво ,треба да се грижиш дали им се допаѓа кафулето или не. Но, кога вработувате некого, тој само вели да или не. Тоа е помалку драма отколку излегувањето со пријател“, изјави Тамами, додека Моримото стои зад тоа дека „ништо не е повеќе забавно отколку да не правиш ништо“.

Share
Scroll to Top