(Видео) Нема ништо лошо што позиров пред ковчегот на мртвиот татко, рече девојката што ја згрози јавноста па објави и видео

(Видео) Нема ништо лошо што позиров пред ковчегот на мртвиот татко, рече девојката што ја згрози јавноста па објави и видео

пред 3 години

Ѕвездата на Инстарам од Флорида, 20-годишната Џејн Ривера, која позираше пред ковчегот на покојниот татко и која ги згрози голем број од фановите, сега се огласи и рече дека не разбира зошто сите ја критикуваат.

„Ги читав коментарите и навистина се полни со говор на омраза. Навистина не мислам дека има нешто погрешно во тоа што го направив. Вие не можевте да го видите телото на мојот татко“, објасни таа.

За потсетување, Ривера на својата публика им рече дека починал татко ѝ Хосе кој бил американски воен ветеран кој служел во Авганистан. Неколку дена подоцна, таа објави фотографии на кои позира во провокативен фустан пред ковчегот.

„Почивај во мир тато. Ти беше мојот најдобар пријател“, напиша таа, по што доби голем број негативни коментари.

„Твојот татко беше одликуван ветеран, ова не е во ред. Фото-сешн на погреб, ужас. Факт се дека си објавила нешто што доволно зборува за тебе“, биле само некои од лутите коментари.

Џејн објави и снимка на која позира и се простува од татко ѝ, додека во позадина се гледаат работниците како го носат ковчегот кој беше покриен со американско знаме. Еден твитерџија напиша дека дури ни нејзините пријатели не можеле да поверуваат дека направила такво гнасно нешто.

„Јас ја познавам неа. Таа беше популарна девојка во мојот крај и сите се чудат дури и нејзините пријатели за ова што го направи. Ако го изгаснала профилот на „Инстаграм“, дефинитивно отворила нов“, напишал Исак Кастиљо.

Џеј и понатаму не смета дека направила нешто спорно.

„Не мислам дека беше непристојно“, порачаа таа за локалните медиуми.

Неколку дена по контроверзната објава, нејзиниот налог на „Инстаграм“ беше згаснат поради кршење на правилата на социјалната мрежа.

„Тоа е мојот татко, можам да објавам што сакам што се однесува до него. Тој не би се налутил“, рече таа.

(Фото) Девојка си правела секси фотографии пред ковчегот на покојниот татко

Share
Scroll to Top