Објавен е трејлерот за најновиот филм на „Матрикс“. Станува збор за трејлерот The Matrix Resurrections, направен за четвртиот филм од научнофантастичната сага.
И овој пат во гланвите улоги ќе ги видиме Кијану Ривс и Кери Ен Мос, како Нео и Тринити. Бидејќи умре во 2003, нејасно е дали Ривс глуми различна или алтернативна верзија на оригиналниот лик.
Истото важи и за Тринити која се чини не го препознава Нио кога ќе се сретнат и поздрават во кафуле. Оригиналниот филм „Матрикс“ излезе во 1999, па следеа уште две продолженија во 2003. Четвртиот дел ќе излезе во кината и на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“ на 22 декември.