(Видео) Нова песна наместо торта: Тијана славеше роденден

(Видео) Нова песна наместо торта: Тијана славеше роденден

пред 3 години

Тијана Дапчевиќ вчера славеше роденден. Таа наполни 45 години. Во ист ден промовираше и нова песна, која носи наслов „Слепа љубов“.

„Еве ја. Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта ви подарувам песна , “ Слепа љубов“ – напиша Тијана  и го објави видеото. Автор на музиката е Срѓан Лазиќ.

Иако не можеше да ги собере  семејството и пријателите, Тијана доби бројни пораки и честитки за роденденот, но посебно од сестрата Тамара и внуката Хана.

 

На профилот на Хана се појави видео од неа како игра на песната „Never Gonna Give You Up“, а под него пораката „ Ти си мојата прва мајка. Те сакам најмногу и едвај чекам да те видам. Среќен роденден со твојата омилена песна. Твоја Хана.

И Тамара Тодевска со фотографија и го честиташе роденденот.

„Среќен роденден сестра. Те сакам до месечината и назад.“ напиша таа.

Роденденските честитки пристигнуваа и од колегите од естрадата. Милица Тодоровиќ, Весна Петрушевска и испратија пораки, а Жељко и Јована Јоксимовиќ и го честитаа со вклучување во живо од емисијата.

  

  

  

 

Share
Scroll to Top