(Видео) Новинар од Нови Сад стана хит на интернет откако се блокираше пред камера

(Видео) Новинар од Нови Сад стана хит на интернет откако се блокираше пред камера

пред 1 година

Новинар од Србија стана хит на социјалните мрежи, откако целосно се блокираше за време на директен преност од Нови Сад.

„Добро вечер, драги гледачи. Се наоѓаме пред симболот на ерменското христијанство. Тоа е… целосно го блокирав“, рече тој и извади хартија од џебот за да се потсети што да каже. Но и листот хартија очигледно не му помогна на новинарот, па си постоја пред камерата.

Видеото собра повеќе од 86 илјади прегледи, а тиктокерите не престануваат да го коментираат смешниот момент.

„Вака секогаш изгледав кога излегував да одговорам пред табла“, „Една минута молк“, коментираат на Тик ток.

Некои корисници на оваа социјална мрежа се потсетија дека видеото не треба да биде причина за потсмев бидејќи сите барем еднаш се нашле во таква ситуација.

„Се е во ред, се случи“, напиша еден тиктокер.

@zacudjen2 #sebastijannadj #iznovogsada #nalazimoseispredsimbolajermenskehriscanstva #tiktokbalkan #balkan #srbija #smeh #smesno #mimovi #zacudjen ♬ original sound – ZAČUĐEN

Share
Scroll to Top