(Видео) Објавен трејлерот за новата серија за „Карашијан“

(Видео) Објавен трејлерот за новата серија за „Карашијан“

пред 4 години

Стриминг сервисот „Хулу“ го објави вчера на „Јутјуб“ првиот трејлер за новата серија за сестрите Кардашијан. Првата епизода ќе биде објавена на 14 април.

„Семејството кое го познавате и го сакате е снимено во сосема нова серија, која ви дава целосно нов пристап во нивните животи. Крис, Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли се враќаат пред камерите за да ја откријат вистината зад наслвоите“, гласи синописот на серијата.

Серијата ги следи и бурните односи на Ким и сега веќе нејзиниот поранешен сопруг Кание, но и развојот на нејзината нова љубовна приказна на Кортни со младиот музичар Трејвис.

Кортни открива дека планира да имаат бебе, а во трејлерот се гледаат како посетуваат и една клиника држејќи се за рака. Во серијата ќе ја има и бременоста на Кајли Џенер, која неодамна се породи, но и неверството кое Тристан Томпсон ѝ го приреди на Клои.

 

 

Share
Scroll to Top