(Видео) Огромна огнена кугла снимена на небото над САД

(Видео) Огромна огнена кугла снимена на небото над САД

пред 3 години

Жителите на Америка кои живеат на североистокот на земјата, во неделата вечерта, забележале огромна огнена кугла на небото. Некои од нив ја снимија со камерите на мобилните телефони, а снимките ги споделија на социјалните мрежи.

Огнената кугла воглавно е видена над подрачјето на Њујорк и Конектикат, но извештаи пристигнале од целиот регион, е наведено од Американското друштво за метеори.

Оваа непрофитна организација соопштила дека примила повеќе од 280 извештаи од луѓе, вклучувајќи ги и оние во Масачусетс, Делавер, Њу Хемпшир, Роуд Ајленд, Вермонт и други.

Share
Scroll to Top