Додека го гледаше женското финале на скокови во вода во дисциплината 3 метри, олимпискиот шампион во истата дисциплина, Британецот Том Дејли, плетеше на трибините.
Дејли кој претходно дојде до златен медал во синхронизирани скокови во вода, стана хит во Токио откако времето на трибините одлучи да го искористи за плетење, хоби за кое вели дека е негова голема страст.
Тој на 14 години во 2008 година беше најмладиот член на олимпискиот британски тим, а покрај олимпиското злато има освоено и медали за европски и светски првак во скокови во вода.
Got so much time for Tom Daley knitting during the #Diving final ? pic.twitter.com/Bi1wvk2QHo
— Ollie Samuels (@OllieSamuels) August 1, 2021