Пејачката Бритни Спирс сними видео и кажа дека сака да гостува кај популарната американска водителка Опра Винфри и да му раскаже на светот за ужасите кои таа ги доживеала во изминатите години.
Таа вели дека откако сега нејзините родители немаат контрола над нејзиниот живот може да прави што ќе посака. Иако вели дека ѝ е срам да зборува за тоа, сепак го најави и големото интервју кај Опра.
„Многу ми е незгодно да признаам дека никогаш не сум ги видела парите кои ги имав, ниту дека сум го возела мојот автомобил. Секој ден се будам и се прашувам како можеше моето семејство да ми направи вакво нешто“, рече Бритни и им кажа на фановите што е тоа што ја прави среќна.
„Бев под старателство 13 години, а тоа е многу долг период кога си во ситуација во која не сакаш да бидеш. Сега се заблагодарувам искрено за секој поминат ден на слобода, а тоа што ме прави среќна се малите работи, како поседување на клучеви за кола или купување свеќи. Тие мали работи за нас жените прават голема разлика“, рече Бритни.
Таа рече дека не сака веќе да биде жртва, затоа што била жртва целото нејзино детство. Затоа и си заминала од дома на 20 години и почнала да работи.
„Јас сум тука зашто сакам да им помогнам на лицата со виситнски инвалидитет и реални болести. Не можам ни да замислам што системот им направил на тие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае кај многумина и ќе направи промени во корумпираниот систем“, рече Бритни.

Пејачката им се заблагодари на сите кои ја поддржуваа за време на судскиот процес и движењето #freebritney.
„Ми го спасивте животот. Навистина. Ќе имаме сега добра година и добар Божиќ. Господ да ве благослави“, рече пејачката.






