Македонските поп-ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Антониа Гиговска, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) ја преработија руската песна „Очи црни“ и се вклучија во кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата. Аранжманот го направи Џијан Емин, а препевот е на Диме Поповски и Васиа Поповска.
Тие испратија порака да се стави крај на семејното насилство. Секоја втора жена во Македонија се соочила со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување, а 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажа последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаи на домашно насилство, а најголем број од жртвите се жени.
„Не молчи, не трај, стави краја е годинешното мото со кое и Македонија се приклучува на глобалната кампања ‘Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега’“, велат организаторите на кампањата.
Кампањата трае од 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жени и девојчиња до 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права. Во оваа кампања се вклучени и Обединетите нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ