Букет рози, портрет со покојниот татко Жељко Ражнатовиќ и патување од 12.000 евра и подари Немања Гудељ на пејачката Анастасија Ражнатовиќ за нејзиниот 24 роденден. Фудбалерот Гудаљ изнајмил луксузна вила на Ибица со базен, лична послуга, теретана и обезбедување, каде ќе го поминат летниот одмор со Анастасија.
Пред новинарите Анастасија рече дека е заљубена, среќна и задоволна, и дека нејзиниот роденден било повод да се запознаат семејствата Ражнатовиќ и Гудељ.
Таа го прослави роденденот во познат белградски ресторан на кој имало сто гости. Помеѓу гостите на роденденот била и Анѓела Ражнатовиќ, полусестрата на Анастасија од врската помеѓу Жељко Ражнатовиќ и актерката Љиљана Мијатовиќ.

На журката Анастасија дуваше свеќи на роденденската торта, а нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ го зема микрофонот и запеа дел од нејзините големи хитови.
Анастасија пред три месеци ја раскина петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ.









