(Видео) Пациент и медицински сестри пеат народни песни за време на операција

(Видео) Пациент и медицински сестри пеат народни песни за време на операција

пред 3 години

Снимка од операциона сала, направена во некоја од болниците во регионот, стана хит на социјалните мрежи. На неа, пациентот кој лежи на операционата маса, заедно со медицинскиот персонал го пее хитот од Сафет Исовиќ „Све бехара“, додека лекарите го оперираат.

Сестрите сакајќи да му го истераат стравот на пациентот, од мобилен телефон му пуштија народна песна и пееја и џускаа покрај операционата маса.

Во еден момент пациентот кој бил во поодминати години, само изразил желба да му дадат ракија и сѐ ќе поминало во најдобар ред.

Share
Scroll to Top