(Видео) Пејачката Мијата го објави спотот што сама го режираше

(Видео) Пејачката Мијата го објави спотот што сама го режираше

пред 3 години

Пејачката Мијата го објави спотот за нејзината последна песна „Маска“. Таа освен што ги напиша музиката и текстот, сама го режираше и спотот. Песната во поп-рок стил Мијата ја промовираше лани во декември, а вели текстот е инспириран од пандемијата со короната, но се однесува на жените и женските права

„Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација на видеото ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето. Сега задоволството е заедничко,“ вели Мијата.

Песната „Маска“ е дел од нејзиниот втор албум, кој треба да излезе оваа година.

Share
Scroll to Top