(Видео) Пожар на далновод во Пинтија е причината поради која половина Скопје остана без струја

(Видео) Пожар на далновод во Пинтија е причината поради која половина Скопје остана без струја

пред 3 години

Десетина скопски општини вечерва останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но набрзо, тамо напојувањето беше стабилизирано. Во Ѓорче Петров струја има.

Во два наврати, напонот на електричната енергија се врати, но набрзо, повторно престана. Од МЕПСО рекоа дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија.

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

 

 

Share
Scroll to Top