(Видео) „Полуголи снимавме на -7 степени, но уживав“: Васил Гарванлиев има нов спот

(Видео) „Полуголи снимавме на -7 степени, но уживав“: Васил Гарванлиев има нов спот

пред 3 години

Пејачот Васил Гарванлиев го промовира спотот за песната „Судбина“. Ова, вели Васил, е носечката песна на неговиот втор албум, кој е во завршна фаза, а кој е исто така наречен „СудБина“. Во спотот, преку костимите, танцот и локацијата, Васил се навраќа на сите негови претходни песни, почнувајќи од првата „Марионка“ до последната песна „Приказна“.

„Снимавме во Универзална сала на најстудениот ден во декември. Беше -7 степени, немаше греење, ние бевме полуголи, боси со танчерите, а јас за еден кадар лежев 45 минути на сцената. Измрзнав, но уживав во секој момент и пресреќен сум со тоа како изгледа спотот“, раскажа Васил за „Репортер“.

Музиката е на Александар Јовевски, текстот на Давор Каракашев, а видеото го снимаше Ѓорѓи Вацев. Кореографијата ја направи Ивана Балабанова и Битрикс, а костимите, кои се инспирирани од облеката што Васил ја носеше во „Марионка“, ги дизајнираше Методија.

„Огромна благодарност до Универзална сала што ни овозможија да снимиме, можеби и за последен пат, таму, но воедно и да го заокружам патот од скоро три децении од мојот прв настап на таа сцена“, вели Васил, која првпат пееше во Универзална 1994 година, на „Златно славејче“ и ја отпеа попларната „Марионка“.

Share
Scroll to Top