Кучето Протео кое беше пратено од Мескико трагично загина за време на потрагата по преживеаните во земјотресот во Турција, соопштија мексиканските медиуми. Херојот од Мексико, како што беше наречен настрада во неделата додека бараше две лица под урнатините. Дел од срушените објекти паднале врз него.
„Припадниците на Војската и военото воздухопловство на Мексико длабоко жалат за губењето на нашиот другар Портео. Ја исполни мисијата како член на мексиканската делегација во потрага и спасување во Турција. Фала ти за твојата херојска работа“, соопштија од мексиканското Министерство за одбрана.
Веста ја потврди и министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард.
Hoy murió tras Este derrumbe#Proteo UN elemento del #EJERCITOMEXICANO
Canino de rescate😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭🙏🙏🙏🙏🙏🙏🙏🙏🙏🙏💔💔💔💔💔💔😭😭#ProteoHeroe pic.twitter.com/lZr4UbtLU5
— Dora Alvarenga (@DoraAlvarenga2) February 12, 2023
„Жалам за смртта на Протео, член на СЕДЕНА, спасувачкиот тим во Турција. Го прослави името на Мексико и нашиот народ“, рече тој.
Мексиканскиот спасувачки тим во Турција одржа и церемонија во негова чест со минута молчење и аплауз за благодарност. Војникот Вилјед, кој беше негов водич, рече дека никогаш не се откажал и дека настрадал за време на извршувањето на својата мисија.
„За жал нема да се вратиш со мене, но секогаш ќе се сеќавам на тебе. Се надевам дека и цело Мексико ќе те памети и дека никогаш нема да те заборави. Ќе се видиме повторно“, рече Вилејд.
За потсетување, Протео беше едно од десетте кучиња трагачи кои Мексико ги испрати во Турција минатата недела со цел да помогнат во операцијата спасување на луѓето заглавени под урнатините во земјотресот.
Мексико меѓу останатите е познат по честите потреси поради неговото тектонско опкружување, па обучувањето кучиња трагачи е нивна специјалност.