(Видео) Почина познатиот шпански комичар Ел Риситас: Актерот кој не расположуваше со неговата заразна насмевка на едно од најпопуларните мемиња

(Видео) Почина познатиот шпански комичар Ел Риситас: Актерот кој не расположуваше со неговата заразна насмевка на едно од најпопуларните мемиња

пред 3 години

Популарниот шпански актер и комичар Хуан Хоја Борха, познат по прекарот „Ел Риситас“, почина, на 65 годишна возраст. Тој починал во болницата Вирген дел Росио во Севилја.

Минатата година во септември, поради тешка болест му беше ампутирана ногата.

Риситас стана познат по неговата заразна насмевка во една од неговите емисии, а тие делови од шоуто беа преведени на стотици светски јазици и користени за бројни комични видеа и мемиња.

Share
Scroll to Top