(Видео) По најавите дека мажот ѝ ќе го обвинат за убиство, сопругата на Алек Болдвин побара од новинарите да ја остават на мира

(Видео) По најавите дека мажот ѝ ќе го обвинат за убиство, сопругата на Алек Болдвин побара од новинарите да ја остават на мира

пред 2 години

Откако беше објавено дека Алек Болдвин биде обвинет за убиство на снимателката Халина Хачинс, неговата сопруга Хиларија, побара поддршка од јавноста и новинарите, но во исто време да ги остават на мира неа и нејзините деца. Таа беше видена во Њујорк со блузон на кој пишуваше „емпатија“.

Во видео на „Тик ток“, Хиларија го осуди однесувањето на новинарите и фотографите, кои се обидуваат да ги добијат изјава.

„Знаете дека нема да ви кажам ништо. Затоа, ве молам оставете го моето семејство на мир. Оставете ги моите деца да дојдат дома. Држете се настрана. Ме прашуваат зошто го правите ова, а мене како мајка ми е тешко да им објаснам. Затоа ве молам одете дома, бидејќи јас и Алек нема да кажеме ништо“, рече Хилариа.

За потсетување, Алек Болдвин ја застерла Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. Халина од повредите почина, а во несреќата застрелан беше и режисерот Џоел Соуза .

По инцидентот се поставуваа прашања како боевата муниција стигнала на сетот и во реквизит-пиштолот и дали членовите на екипажот презеле соодветни мерки на претпазливост.

@apnews Hilaria Baldwin responds to paparazzi after her husband, Alec Baldwin, is charged with involuntary manslaughter in fatal ‘Rust’ shooting. #rust #hilariabaldwin #alecbaldwin #apnews ♬ original sound – The Associated Press

Share
Scroll to Top