(Видео) По Роналдо и Локатели ги тргна шишињата на „Кока-кола“

(Видео) По Роналдо и Локатели ги тргна шишињата на „Кока-кола“

пред 3 години

Италијанскиот фудбалер, Мануел Локатели, исто како и Португалецот, Кристијано Роналдо и Французинот Пол Погба на прес-конференцијата со новинарите, по мечот со Швајцарија ги тргна шишињата на спонзорот „Кока-кола“.

Претходно потегот на Роналдо го чинеше светскиот бренд за газирани пијалоци 4 милијарди долари на берзата. Португалецот по мечот со Унгарија им порача на сите да пијат вода, а Пол Погба не сакаше пред него да стои шише „Хајнекен“ од верски причини.

Локатели беше најдобриот фудбалер за Италија на мечот со Швајцарија. Тој постигна два гола во победата од 3:0.

„Наградата за играч на натпреварот го делам со целиот тим. Тоа е нивна заслуга. Најмлад сум меѓу нив и одлично ме прифатија. Прекрасно е чувството што сум дел од овој тим“, рекол 23-годишниот играч на Сасуоло.

Во летниот преоден рок за него постои интерес кај неколку врвни клубови, меѓутоа медиумите тврдат дека тој ќе се пресели во Јувентус. Сасуоло за него бараат 40 милиони евра.

Локатели, за Италија дебитираше пред девет месеци, головите против Швајцарија се прв за него во националниот тим.

(Видео) „Кока-Кола“ изгуби 4 милијарди долари откако Роналдо ги тргна шишињата на прес

Share
Scroll to Top