(Видео) Пратеници се тепаа во турскиот парламент, не можеа да се согласат околу буџетот

(Видео) Пратеници се тепаа во турскиот парламент, не можеа да се согласат околу буџетот

пред 2 години

Расправата за буџетот во Турскиот парламент заврши со тепачка меѓу пратениците од владејчката партија и опозицијата. Прво почнаа да се навредуваат пратениците меѓу опозицијата и министерот за полиција, а потоа се вклучија и други пратеници.

Пратеникот на CHP Бурс му постави прашање на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојилу за бизнисмен кој во моментов е во затвор во Австрија и кој се соочува со низа на обвинувања во Турција и САД, вклучувајќи и за перење на пари, мито и измама.

Главниот опозиционер на CHP Еркан Ајдин го праша Сулејман зошто влегол заедно со бизнисменот во авионот, по што тој му одговор дека лаже и дека е измамник.

По неколку минути дофрлања и навреди меѓу пратениците дојде до тепачка, а седницата беше прекината.

Share
Scroll to Top