Карамел-колач без печење - Reporter.mk

Карамел-колач без печење – Reporter.mk

пред 2 години

Потребни состојки:

Кора:
200 гр мелени бисквити
50 гр стопен путер
2 лажици какао

Фил:
2 кесички пудинг од карамела
1 литар млеко
5 лажици нишесте
лажица екстракт од ванила

Прелив:
200 гр млечна чоколада
70 мл топло млеко
повеќе какао за посипување

Начин на подготовка:

Бисквитите ставете ги во кеса, затворете ја и искршете ги на ситни парчиња така што ќе поминете преку нив со сукало. Ставете ги во сад, па додадете 2 лажици какао и измешајте. Додајте го стопениот путер и спојте ја смесата со лажица. Истурете ја на дното на тава за печење од која се вади обрачот, а која сте ја обложиле со хартија, па убаво распоредете ја. Оставете ја да се олади десетина минути во фрижидер.

Во длабоко тенџере ставете 1 литар млеко, 2 кесички пудинг од карамела, по желба додајте 2-3 лажици шеќер, 1 лажица екстракт од ванила и 5 лажици нишесте. Измешајте ја смесата да биде без грутчиња, па варете ја на тивок оган додека да се свари пудингот. Смесата истурете ја врз тестото. Кога ќе се излади, ставете ја во фрижидер и оставете да отстои барем два часа.

На пареа ставете 200 грама млечно чоколадо и кога ќе се стопи, постепено додајте 70 мл жешко млеко да се спои во мазна смеса. Прелијте ја тортата и оставете еден час во фрижидер да се излади. Извадете го колачот од калапот, посипете го со какао и послужете го.

Share
Scroll to Top