ДНК објавија нова песна и видео за баладата „Милион денови“ работена со Лазар Цветковиски. Текстот е на Панчо, додека аранжманот на песната е на Лазар.
Режисер на видеото е на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.
Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје. Освен Панчо и Андреј, во спотот се појавува Наташа Петровска.
„По ‘Ако утре ме нема’ сакавме на публиката да ѝ понудиме нешто малку поразлично. Композиција која носи поинаква енергија, емоција и буди некои можеби малку меланхолични чувства“, велат Панчо и Андреј.
„Милион денови“ ќе биде дел од новиот студиски материјал кој е најавен во склоп на одбележувањето на убавиот јубилеј – 20 години ДНК, а ќе биде заокружен со голем солистички концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“.