(Видео) Претставничката на Франција, Валентина, победи на Јуниор Евросонг

(Видео) Претставничката на Франција, Валентина, победи на Јуниор Евросонг

пред 3 години

Валентина, претставничката на Франција, победи на годинашниот Јуниор Евросонг, што вечерва се одржа во Варшава, Полска. Таа освои 200 поени од жирито и гласовите на „Фејсбук“ за песната J’imagine. Втора беше Карат од Казахстан, а трета Солеа од Шпанија. Македонија не се натпреваруваше оваа година.

Во популарното музичко шоу годинава учествуваа претставници од само 12 земји, а неколку држави што се натпреваруваа до лани, се откажаа заради короната. Шоуто, беше снимено во студио, со одлични визуелни ефекти и нова технологија, која претходно никогаш не е искористена на Евросонг.

Во ревијалниот дел настапија ланската и преланската победничка од Полска, Вики Габор и Роксана Вегел, кои заедно со Данкан Лорнсс ја исппеаја Arcade, песната со која тој победи на Евросонг 2019 година. Нивните настапи беа снимени поодделно и потоа измонтирани како да се заедно на истата сцена.

Share
Scroll to Top