На околу три часа возење од најфреквентниот аеродром во светот, во Атланта, има продавница наречена „Анклејмд багаж“ која продава работи што се оставени или заборавени на аеродромот.
Идејата за ваков бизнис сопственикот ја добил пред повеќе од половина век, а денес во продавницата има дури и музеј во кој се чуваат најинтересните наоди.
Дали некогаш сте се запрашале што се случува со багажот што се губи за време на патувањето, кој сопствениците никогаш не доаѓаат да го земат и кој со месеци тлее на некој агол од аеродромот? На крајот на краиштата, тој завршува или во рециклирање или во некоја од локалните заложни продавници.
Една продавница во Алабама, денес е синоним за втора шанса за изгубен багаж, а многу артикли што се продаваат таму се значително поевтини отколку во обичните продавници, дури и ако се сосема нови, неотворени.