(Видео) Прстен со над 12.000 дијаманти влезе во Гинисовата книга на рекорди

(Видео) Прстен со над 12.000 дијаманти влезе во Гинисовата книга на рекорди

пред 3 години

Компанијата за накит Renami Jewel од Индија, влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако го направи прстенот со најмногу дијаманти во светот. Прстенот во форма на цвет има 12.638 дијаманти, тежи 165 грама и е уникатен. Се вика „Кадифа“, а уште се нарекува и „Прстен на просперитетот“.

Според основачот на компанијата, Харшит Бансал, тој добил идеја да го сруши Гинисовиот рекорд пред две години, додека го учел занаетот со скапоцени камења во Сурат, на западот од Индија. ‘

Претходниот дијаматски прстен што го дршел Гинисовиот рекорд имал 7,800 скапоцени камења.

Share
Scroll to Top