(Видео) Рита Ора на настап се завитка во српско знаме

(Видео) Рита Ора на настап се завитка во српско знаме

пред 1 година

Пејачката со албанско потекло родена во Косово, Рита Ора, ги изненади фановите кога за време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија се завитка со знамето на Србија.

Пејачката која бараше од компанијата „Епл“ да го стави Косово на малата како независна држава, го доби знамето за време на настапот, а потоа го вееше и продолжи да пее. Видеото предизвика голем број реакции. Некои се шегуваа на нејзина сметка, а негативни коментари имаше од албанските фанови.

која бараше од компанијата „Епл“ да го вметне Косово на мапата како независна држава, повторно ги шокираше сите кога се завитка со српско знаме за време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија.

Некои и коментираа дека е предавник и дека треба да ѝ се забрани влез во Косово. Рита пак тврди дека не знаела дека ѝ го дале српското знаме и мислела дека е на Унгарија.

Видела дека тоа е знамето на Србија кога се симнала од сцената. Рече дека е горда Албанка и дека никогаш нема да покаже непочитување кон својот народ.

„За време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско“, рече Рита и додаде:

„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство“.

Share
Scroll to Top