На 2-ри април, роверот Perseverance на НАСА направи серија снимки од Supercam Micro Imager за да открие органски знаци на живот во метеоритот на Марс, пред да полета хеликоптерот „ Ingenuity “. На една од нив е забележан зелен камен на којшто има дупки. Роверот со ласер ќе се обиде да го истражи потеклото на овој камен и како тој стасал до кратерот Језеро, пишува „Science“.
SuperCam ласерски ги лоцира минералните цели што се надвор од дофатот на роботската рака на роверот, а потоа ја анализира испарената карпа за да го открие неговиот елементарен состав. Неговата камера и спектрометрите потоа го испитуваат хемискиот состав на карпата.
Научници од НАСА веќе имаат неколку теории. Станува збор за камен од околу 15 сантиметри којшто има неколку дупки на себе, а кога фотографијата ќе се зголеми, се гледаат и точки кои не изгледаат како да се од природно потекло. Од НАСА објаснуваат дека тие точки се од ласерот на роверот.
While the helicopter is getting ready, I can’t help checking out nearby rocks. This odd one has my science team trading lots of hypotheses.
It’s about 6 inches (15 cm) long. If you look closely, you might spot the row of laser marks where I zapped it to learn more. pic.twitter.com/sq4ecvqsOu
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) March 31, 2021
Научниците откриле и бор во метеоритите на Марс што ја потврдува теоријата за присуство на органски живот на Марс во минатото. Претходно на 5 септември 2017 година, научниците објавија дека роверот Curiosity открил бор на Марс, неопходна состојка за живот и на Земјата.
Таквиот наод, заедно со претходните откритија дека можеби имало вода на древниот Марс, дополнително ја поддржува можноста за живот во кратерот Гејл на Марс.