(Видео) Роџер Федерер ужива во пензионерските денови и скија на Алпите

(Видео) Роџер Федерер ужива во пензионерските денови и скија на Алпите

пред 2 години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на зимување на Алпите. Откако тенисерот не можеше да се врати и професионално да продолжи да се занимава со тенисот поради тешките повреди и операција на коленото, слободното време го поминува во скијање.

Тој на Инстаграм објави видео од планина, на кое покажува колку е добар и во овој спорт.

„Минаа 15 години. Се чувствувам толку добро што се вратив на ски. Нов почеток“, нашиша Федерер.

Тенисерот се прости од АТП турот во септември во 2022 година, на Лејвер купот во Лондон.

Швајцарскиот тенисер слободното време често го користи да посети модни настани и гала вечери што ги организираат големите модни брендови. Последните два дена беше забележан во Париз, на настан во организација на „Диор“, а потоа и на „Фешн вик“, во друштво на сопругата Мирка.

Share
Scroll to Top