Рускиот тенисер Карен Хачанов (26) предизвика реакции на „Австралија Опен“ по победата над 22 годишниот Американец Себастиан Корд. По пласманот во полуфинале напиша порака на една од камерите со поддршка за луѓето од Горски Карабах, регион околу кој со години спорат Азербејџан и Ерменија.
„Држи се Горски Карабах, продолжете да верувате до крај“, напиша Хачанов, кој објасни зошто го направил тоа. „Имам ерменски корени и не сакам да зборувам повеќе за тоа. Само сакав да испратам порака до мојот народ“. рече Хачанов.
За потсетување, Русинот го победи Американецот Себастиан Корд кој мораше да го предаде мечот поради болките во зглобот. Корд не издржа докрај откако двапати претходно бараше лекарска помош.
Хачанов во полуфиналето ќе игра против победникот од двобојот меѓу Гркот Стефанос Циципас и Јиржиј Лехечке од Чешка.
Der Russe Karen Khachanov hat nach seinem Viertelfinaleinzug bei den #AusOpen seine Unterstützung für die blockierte Region Berg-Karabach ausgedrückt. Der Tennisspieler stammt aus Moskau, seine Eltern kommen aber aus Armenien. pic.twitter.com/pZCb1kgpL8
— Deutschlandfunk Sport (@DLF_Sport) January 24, 2023