(Видео) Руски фудбалери заиграа оро за време на натпреварот

(Видео) Руски фудбалери заиграа оро за време на натпреварот

пред 2 години

Руските фудбалери на Химки загубија од Урал со 2:1 на гости, но станаа вистински хит. Додека чекаа еден од нивните согирачи да изведе корнер, тие заиграа оро во казнениот простор на домашниот тим, или пак како што некои коментираат на социјалните мрежи ринге ринге јаја.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше дел од тактиката за да ги збунат дефанзивците на Урал, но сепак домашниот тим ги прочита и знаеше кого треба да чуваат во оваа акција, па нивниот обид не успеа.

За потсетување, Урал прв даде гол во четвртата минута со голот на Алексеј Каштанов, додека Лазар Ранеџловиќ го зголеми водството во 63 минута. Гостите во продолжението од мечот успеаа да ја намалат предноста преку Илија Кукарчук.

Со оваа победа, Урал успеа да го престигне Химки и да ја избегне опасната зона, па сега со 10 освоени бода од 12 натпревари се на 12 позиција во Руската премиер лига. Екипата на Химки има два бода помалку и се наоѓа на претпоследното место.

Share
Scroll to Top