Пејачка Полина Тасева ја објави својата нова песна „Ти“. Таа ги напиша музиката и текстот заедно со Иван Петровски. Полина сними и спот за „Ти“, а видеото го режираше Христина Трајкоска.
„Песната ‘Ти’ е моја трета песна. Процесот на создавање музика е долг, но прекрасен. Се осврнуваш на идеите и знаењето и чекориш само напред додека не стигнеш до готовиот производ, кога веќе си среќен со тоа што си го направил. Благодарност до целиот тим што ме следеше и поддржуваше во овој проект, и до дизајнерот Андреј Ѓорѓиевски – Папаз, кој направи креации за мене“, вели Полина.
Таа открива и додава со Иван веќе работат на неколку песни кои во иднина ќе се најдат на нејзиниот прв албум. Полина претходно сними видеа и за нејзините други песни, а лани ја освои наградата „Дебитант на МакФест 2020“, со песната „Сè се врти во круг“ на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков.