(Видео) Синовите на Маринко Роквиќ плачеа и пееја на комеморацијата на татко им

(Видео) Синовите на Маринко Роквиќ плачеа и пееја на комеморацијата на татко им

пред 3 години

Денеска, во Белград е погребан фолк-пејачот Маринко Роквиќ, кој почина на 68 години од рак на простатата. На комеморацијата, што претходно се одржа во Радио Белград, првин пристигна неговото семејство, сопругата Славица и синовите Никола и Марко Роквиќ.

На комеморацијата говор одржа еден од најдобрите пријатели на Маринко, поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Црвена ѕвезда, Бошко Ѓуровски. Додека тој се простуваше од својот пријател, до него дојдоа синовите на Маринко и заедно ја испеаја песната на Шабан Шаулиќ – „Таму крај најдалечните ридови“. Додека пееја, синовите на фолк-пејачот почнаа да плачат.

На комеморацијата дојдоа и композиторот Миша Мијатовиќ и пејачката Ана Бекута. Погребот на Маринко ќе се одржи во 14.30 на гробиштата на Бежаниска коса во Белград.

Share
Scroll to Top